макета | ж.

Минијатурен модел на градба, машина и сл. верен на оригиналот.

макетар | м.

Изработувач на макети.

макијавелизам | м.

Учење на Николо Макијавели според кое во власта и во политиката се дозволени сите средства.

макијавелист | м.

Човек што се однесува според макијавелистички принципи.

макла | ж.

Влажно место, млака, мочурливо место.

маклина | ж.

Влажно место каде што се подвира водата.

макне | св.

Потопи парче леб во храна. Макна со лебот во чорбата и продолжи да зборува.

маков | прид.

Што потекнува од мак или се однесува на мак. Маково семе. Маков цвет.

макотрпен | прид.

Што е проследен, придружен со мака; тежок. Мораше да помине макотрпен пат за да стигне до ова што е сега.