Малајски Полуостров | м.
Полуостров во Индокина, Азија.
малакса | св.
Изгуби сила, издржливост; снеможе. Му се слоши и наеднаш малакса.
малаксан | прид.
Што е снеможен, без сила и енергија.
маларија | ж.
Заразна болест проследена со висока температура и треска што ја пренесуваат комарци.
маларичен | прид.
Што се однесува на маларија. Маларичен напад. Маларичен комарец.
малахит | м.
Минерал со зелена боја, обично се користи за изработка на накит и други украси.
малверзација | ж.
Злоупотреба, проневера, затајување; незаконско работење. Од работа го избркаа поради неговите малверзации.
Малдиви | ср.
Островска држава во Индискиот Океан.
Мале | ср.
Главен град на Малдиви.
малее | несв.
Се смалува, станува помал; Со годините сè повеќе малееше, стануваше ситен како дете.