максималист | м.

Тој што стреми кон најголемото, највисокото; тој што се залага за максимална програма;

максимира | св. и несв.

Определи највисока цена.

максимум | м.

Најголемо количество или големина на нешто, најголем дострел, најголем износ, најголем број, степен и сл.; Искористи максимум од своите знаења. Температурата го достигна максимумот за тоа годишно време.

мал | м.

Имот, имање.

мал | прид.

Што е незначителен по размер или по количество; голем. Мала куќа. Мал имот. Мала река. Мал народ.

Мала Азија | ж.

Полуостров во Азија.

Малабо | ср.

Главен град на Екваторијална Гвинеја.

Малави | ср.

Држава во Африка.

Малајски Архипелаг | м.

Група острови источно од Индокинескиот Потконтинент.