Манама | ж.

Главен град на Бахреин.

Манаос | м.

Град во Бразил.

манастир | м.

Црква со придружни објекти во кои во заедница живеат монаси или монахињи.

манастириште | ср.

Место каде што имало манастир.

манга | м.

Груб, дрзок, безобѕирен, бесрамен човек.

мангал | м.

Метален сад во кој се става жар и служи за греење. Седнаа крај мангалот да се греат.

манган | м.

Сребреникавобел тврд метал што се користи во металургијата, медицината и др.; симбол Mn.

мангар | м.

Стара турска бакарна пара; со мала вредност.

манго 2 | ср.

Тропско овошно дрво со бујно разгрането стебло, со крупни плодови во светложолта боја; Mangifera indica.