мамурен | прид.
мамурлак | м.
мамурлив | прид.
Што не е целосно отрезнет од премногу пиење. Следниот ден, по прославата, беше мамурлив и нерасположен.
мамурливост | ж.
Состојба на тој што е мамурлив. Пиеше апче против мамурливост.
мамут | м.
Предисториско животно слично на слон, но со поголеми размери; ElephantidaeMammuthus.
Ман | м.
Британски остров во Ирското Море.
мана 1 | ж.
Недостаток, грешка. Постојано му наоѓаше мани во работата.
мана 2 | ж.
Габично заболување кај растенијата, обично кај виновата лоза, што настапува по дожд.
мана 3 | ж.
Според Библијата ‒ небесна храна со која Бог ги хранел Израелците додека ја поминувале Синајската Пустина.
Манагва | ж.
Главен град на Никарагва.