мандатен | прид.

Што се однесува на мандат. Мандатна комисија.

мандатор | м.

Тој што дава мандат, овластување, полномоштво.

мандолина | ж.

Жичен музички инструмент со 4 до 6 жици во форма на круша.

мандоса | св.

Излаже, измами некого. Гледај, да не те мандосаат да ти ги земат парите џабе.

мандра | ж.

Место, обично во планина, каде што се молзат овците и се преработува млеко, бачило.

мандрагора | ж.

Отровна билка чиј корен наликува на човек поради што ѝ се припишуваат волшебни својства; Mandragora officinarum.

мандраџија | м.

Човек што работи во мандра.

мандраџиство | ср.

Дејност на мандраџија, работа на мандра.

маневар | ж.

Преместување вагони, локомотиви или цели композиции на железничка станица.

маневрира | несв.

Прави маневар, маневра или маневри.