манеж | м.

Заградено место или специјална зграда за вежбање, јавање коњи.

манекен | м.

Лице што професионално, носејќи на себе, прикажува модерна облека на модни ревии или за модни списанија.

манжетна | ж.

Краен двојно поставен дел од ракав на кошула кој се закопчува.

манија | ж.

(мед.) Психичко заболување коешто се манифестира со болна обземеност од некоја идеја и се карактеризира со нагли премини од еуфорични во депресивни состојби и обратно.

манијак | м.

Човек што има манија.

манијакален | прид.

Што има манија.

маникер | м.

Лице што прави маникир.

маникир | м.

Нега на рацете и на ноктите на рацете.

маникира | св. и несв.

Прави маникир.

Манила | ж.

Главен град на Филипини.