манипулант | м.
Тој што се грижи за апаратите, за алатот и за предметите за обработка во едно претпријатие, установа и сл. Тој беше главен манипулант во работилницата.
манипулативен | прид.
Што е резултат на манипулација, што врши манипулација. Манипулативен трошок. Манипулативен работник.
манипулатор | м.
манипулант.
манипулација | ж.
Ракување, работа со некој апарат, алат и сл.
манипулира | несв.
Врши манипулација, ракува со апарат, алат и сл. Вешто манипулираше со алатот.
манир | м.
Начин на работа; постапка. Во работата не треба да се користат тие застарени манири.
маниризам | м.
Постојано повторување на иста постапка во творештвото; имитација.
манирист | м.
Претставник на маниризмот.
манифест | м.
Писмен проглас од власта за народот; писмен проглас до јавноста на политичко, културно или друго движење со програмска содржина. Манифест на мирот. Крушевски манифест.
манифестант | м.
Лице што учествува во манифестација. По улицата се движеше голема група манифестанти.