масажер | м.
Апарат со кој се прави масажа.
масакр | м.
Убиство на голем број луѓе, крвопролевање. Војниците направија масакр во селото.
масакрира | св. и несв.
Убие, убива голем број луѓе. Ги масакрираа сите заробеници.
масат | м.
Челична брусилка за ножеви.
масен | прид.
Вкупниот број протони и неутрони во еден атом на некој елемент. Масен број.
масер | м.
Лице што професионално врши масажа.
Масеру | ср.
Главен град на Лесото.
масив | м.
Планина што се протега на широк простор, слабо разгранета, без изразени, остри врвови. Шарпланински Mасив.
масивен | прид.
Што е голем, дебел, тежок, цврст. Масивна зграда. Масивно тело. Масивен мебел. Масивен прстен.
масира | несв.
Врши масажа, трие. Уживаше кога го масираат.