маршал | м.

Највисок воен чин во некои држави, повисок од генерал.

маршалат | м.

Чин и достоинство на маршалот.

Маршалски Острови | и.

Островска држава во Тихиот Океан.

маршира | несв.

Чекори во марш; се движи кон определена цел. Војската маршираше низ улиците на градот. Војниците маршираа 40 километри до фронтот.

маршрута | ж.

Однапред определен пат што треба да се помине или е поминат; план за движење или патување. Туристичка маршрута.

маса 1 | ж.

Парче мебел што се состои од рамна плоча поставена на четири ногалки. Маса за јадење. Маса за пишување.

маса 2 | ж.

Неодредено, необликувано количество од некој материјал; супстанција, материја. Пластична маса. Керамичка маса.

маса 3 | ж.

Мера за инерција на едно тело, единица за маса е грам и килограм во интернационалниот систем на мерки; тежина на телата при мирување.

масажа | ж.

Триење на телото од медицински или козметички причини.

масажен | прид.

Што служи за масажа. Масажно масло.