Маскат | м.

Држава во Азија.

маскенбал | м.

Забава на која учествуваат маскирани лица;

маскира | св. и несв.

Стави, става маска некому, преправи, преправа некого. Мајката ги маскираше децата за Прочка.

маскирен | прид.

Што служи за маскирање. Маскирна униформа.

маскота | ж.

Предмет, фигура и сл. за кој се верува дека носи среќа. Лисицата беше маскота на кошаркарскиот тим.

маслар | м.

Производител на или трговец со масло.

маслен | прид.

Што содржи масло, што се однесува на масло. Колку маслени единици има млекото?

масленица | ж.

Вид питулица или друго слично тесто пржено на масло.

масленост | ж.

Количество масло што се содржи во млеко, сирење и др. Млекото има 3,2 масленост.