маснотија | ж.
масло.
масовен | прид.
Што е многуброен, што е во голем број, што е наменет за масите. Протестите беа масовни. Весникот се печатеше во масовен тираж. Интернетот е најново средство за масовна комуникација.
масовизира | св. и несв.
Направи, прави нешто да стане масовно. Спортот го масовизираа и кај нас.
масолник | м.
Сад за масло.
масолце | ср.
масон | м.
Приврзаник на масонството; слободен ѕидар.
масонство | ср.
Меѓународно тајно или јавно религиозно-етичко движење со посебни ритуали и симболи, основано заради духовно братство на одбрани луѓе и морално усовршување.
маст | ж.
Млечен производ што се добива со биење; путер. Кравја маст.
мастен | прид.
Што содржи маст, што е со маст. Масни киселини.
мастика 1 | ж.
Вид смола што се добива од средоземното дрво Pistacia lentiscus.