мастика 2 | ж.

Гума за џвакање.

мастилен | прид.

Што е во врска со мастило или потекнува од мастило. Мастилно пенкало.

мастилница | ж.

Сад во кој се чува мастило.

мастило | ср.

Течност што служи за пишување и за печатење. Печатарско мастило.

маститис | м.

Воспаление на дојка.

мастодонт | м.

Праисториско животно, слично на слон; Mastodon giganteum.

мастодонтски | прид.

Што се однесува на мастодонт.

мастраф | м.

Трошок, издаток. Му реков да не прави мастраф, ама тој така решил.

мастрафи се | несв.

Троши, прави издатоци. Ќе ви дојдеме вечер на гости, ама не се мастрафете многу.

мастрафчија | м.

Тој што многу троши. Голем мастрафчија е в кафеана.