мебел | м.
Предмети што служат за седење, спиење, чување облека и др. (столови, маси, кревети, плакари итн.); покуќнина.
мебелира | св. и несв.
Намести, мести со мебел. Го мебелираа станот.
мев | м.
Стомак. Пуштил голем мев.
мевлем | м.
Лековита маст што се става на рана; лек воопшто
мевце | ср.
мега- | претс.
Како прв дел од сложени зборови со значење: а) Голем, силен: мегафон и сл.; б) Милион пати поголем од мерната единица што е втор дел на зборот: мегабајт, мегават, мегатон, мегахерц и др.
меѓа | ж.
Линија што разделува две ниви или два имота; граница.
мегаломан | м.
Човек што има претерано високо мислење за себеси; грандоман.
мегаломанија | ж.
Манија за преувеличување на самиот себе и на сопствените вредности и можности; претераност, неумереност; грандоманија.
мегаломански | прид.
Што се однесува на мегаломан и мегаломанија. Мегаломански желби.