мегдан | м.
Плоштад во населено место. На мегданот се собра многу народ.
мегданџија | м.
Борец на мегдан; тој што е подготвен да дели мегдан, да се бори.
Меглен | м.
Област во Егејска Македонија, Грција.
меѓник | м.
Камен, дрво или некој друг знак со кој е обележана меѓата; граничник
меѓу | предл.
Во просторот среде две или повеќе лица, предмети и сл. Застана меѓу скараните браќа за да спречи тепачка.
меѓу- | претс.
Како прв дел од зборот може да означува: а) Дека нешто се наоѓа помеѓу деловите на тоа што е именувано со вториот дел (меѓукат, меѓупростор, меѓувреме); б) Дека означеното со вториот дел се однесува на повеќе такви елементи (меѓународен, меѓуградски, меѓудржавен).
меѓувреме | ср.
Време меѓу два настана или меѓу два периода. Во меѓувреме, додека ние бевме в училиште, тој заминал на езерото.
меѓувремен | прид.
Што се случува во меѓувреме.
меѓуградски | прид.
Што се одржува меѓу два или повеќе градови. Меѓуградски сообраќај. Меѓуградски телефонски разговор. Меѓуградски натпревар.
меѓудржавен | прид.
Што засега, што се однесува или што поврзува две или повеќе држави. Меѓудржавен договор. Меѓудржавен сообраќај. Меѓудржавен натпревар.