беспорочен | прид.
Што е без порок. Беспорочен човек. Беспорочна девица. Беспорочно детство.
беспоштеден | прид.
Што не е поштеден; суров, безмилосен. Беспоштеден напор. Беспоштедна борба. Беспоштедни зборови.
бесправен | прид.
Што е без почитување, без примена на правото, на законот. Бесправен акт. Бесправна акција.
бесправие | ср.
Бесправност, беззаконие.
беспреболен | прид.
Што не може да се преболи, што не преболува. Беспреболна загуба на синот. Беспреболна рана.
беспрегледен | прид.
Што не може да се догледа, непрегледен. Беспрегледно пространство.
беспредел | м.
Бескрајност, безграничност. Барам шир што се вика беспредел.
беспределен | прид.
Што е бескраен, безграничен. Беспределен спокој. Беспределна тишина.
беспредметен | прид.
Што е без основа, значење, важност, што нема причина да се појави; неумесен. Беспредметно барање. Беспредметно прашање.
беспрекорен | прид.
Што е без недостаток, на кој не може нешто да му се забележи; совршен. Беспрекорен син. Беспрекорна девојка. Беспрекорен расказ.