Мексикански Залив | м.

Залив во Северна Америка.

Мексико | ср.

Држава во Северна Америка.

мекуш | м.

Физички и душевно слабо лице, што не може да поднесе физичка или душевна болка. Нејзиниот маж е мекуш.

мекушав | прид.

Што е мекуш

Меланезија | ж.

Подрегион на Океанија, во западниот дел на Тихиот Океан.

меланхолија | ж.

Тажно расположение. Западна во меланхолија и се затвори во себе.

меланхоличар | м.

Човек што страда од меланхолија.

меланхоличен | прид.

Што пројавува меланхолија. Меланхоличен човек.

меласа | ж.

Темнокафеава густа течност што се добива како остаток при производството на шеќер и се користи како суровина за добивање шпиритус и квасец.