Мелбурн | м.
Град во Австралија.
меле | несв.
Ситни, прави нешто да биде како прав, обично на машина. Меле жито. Меле ореви. Меле месо.
мелез | м.
Живо суштество настанато со вкрстување на две раси, два вида.
мелези се | несв.
Се вкрстува со друг од различна раса или вид.
мелем | м.
Лековита маст.
мелиоративен | прид.
мелиорација | ж.
Подобрување на квалитетот на земјиштето со заштита од поплави, наводнување на суви терени, заштита од ерозии и др.
мелиорира | св. и несв.
Прави, изведува мелиорација. Мораа да го мелиорираат земјиштето за да може да се користи.
мелица | ж.
Дрвена направа за чистење коноп или лен.
меличник | м.
Железен дел од мелица.