метар | м.

Основна единица за мерење должина еднаква на 100 сантиметри.

метастаза | ж.

Вторично жариште на болеста, обично рак, што настанува со раширување на болните клетки преку лимфните и крвоносните садови. Ракот направи метастази и по 'рбетниот столб.

метастазира | св. и несв.

Шири, рашири болест, обично рак; направи, прави метастази. Болеста метастазираше и на другите стомачни органи.

метатеза | ж.

Преместување на гласови во зборот – грозје : гројзе, Дојран : Дорјан.

метафизика | ж.

(филоз.) Идеалистичка филозофија што ги проучува основните принципи на сè што постои, односно појавите што се надвор од искуството, надвор од просторот и од времето, и тоа како вечни и непроменливи; дијалектика.

метафора | ж.

Јазично изразно средство на пренесување кога со називот на еден предмет или поим се именува друг поради сличност по некое обележје; воопшто, пренесено, сликовито изразување на некој поим. Челична волја. Камена душа.

метафорика | ж.

Употреба на метафори во изразувањето. Авторот се одликува со богата метафорика во пишувањето.

метафоричен | прид.

Што има карактер на метафора, што содржи метафора или што е искажан со метафора; преносен, сликовит. Во оваа песна зборовите имаат метафорично значење.

метач | м.

Тој што мете; чистач.

мете | несв.

Чисти со метла. Жената го метеше дворот.