метеж | м.

Мешаница, неред, немир, смут. На плоштадот настана голем метеж.

метежен | прид.

Што е во неред, во немир. Метежно време.

метежник | м.

Тој што создава неред, немир, смут.

метеор | м.

Мало небесно тело што при навлегувањето во повисоките слоеви на Земјината атмосфера гори и создава светлечка линија, ѕвезда што паѓа.

метеорит | м.

Метеор што паднал на Земјата.

метеоролог | м.

Специјалист по метеорологија.

метеорологија | ж.

Наука за физичките и за хемиските својства на атмосферата и за временските појави (ветер, дожд, снег и сл.) .

метереопат | м.

Човек што болно ги чувствува временските промени.

метериз | м.

Заседа.

метил 1 | м.

Едновалентна група CH3 што влегува во составот на голем број органски соединенија.