мижлив | прид.

мижло | м.

Тој што е недоспан, замижан, на кој постојано му се спие.

мижурка | несв.

Ги подзамижува очите при гледање. Жената мижуркаше од силното сонце.

мижуркав | прид.

мижурлав | прид.

Што подзамижува со очите. Мижурлав старец.

мизансцена | ж.

Распоред на актерите, на декорот и другите предмети на сцената.

мизантроп | м.

Тој што мрази луѓе.

мизантропија | ж.

Омраза кон луѓето воопшто.

мизерен | прид.

Што е беден, сиромашен, тажен. Мизерен живот. Мизерна плата.

мизерија | ж.

Беда, сиромаштија. Живее во мизерија.