мигум | прил.

За миг. Мигум се стрча да ја донесе книгата.

мидер | м.

Дел од долна женска облека што служи за стегање на стомакот и на задникот.

миди | прид.

Во модата – средна должина на здолниште или фустан. Мидиздолниште.

мие | несв.

Чисти со вода. Домаќинката ги миеше садовите. Секоја вечер децата ги миеја забите.

мижав | прид.

миже | несв.

Ги држи клепките затворени. Мижеше и се трудеше да заспие.

миженка | ж.

Детска игра во која едно дете миже, а другите се кријат, најчесто во изразот миженка-криенка.

мижечки | прил.

Со затворени очи. Патот го одеше мижечки.