бессоник | м.

бессоници Тој што нема сон, што не може да спие; што води ноќен живот. Стана бессоник од тага. Тој е оној ноќник, бессоник, бдејач кој го минува ноќниот свет буден.

бессоница | ж.

Состојба на отсуство на сон, несоница. Долга бессоница. Бессоницата и стравот го пустошеја неговиот ум.

бессончев | прид.

Што не е сончев, што е без сонце. Бессончева есен.

бессочен | прид.

Што е без сок, што нема доволно сок. Бессочен плод. Бессочно месо.

бестелесен | прид.

Што е без тело, што се јавува како привидение; нематеријален. Бестелесен лик. Бестелесна тежина. Бестелесно самовилско суштество. Бестелесни души.

бестија | ж.

Животно, ѕвер. Дива бестија. Стара бестија.

бестијален | прид.

Животински, ѕверски; суров, дивјачки. Бестијален напад. Бестијална страст.

бестрага | прил.

Непознато каде, во неврат. Одовде е посигурно, но бестрага е далеку. Како стрела згина писарот бестрага.

бестрастен | прид.

Што е без страст. Бестрастен бакнеж. Бестрасна љубов.

бестрашен | прид.

Што нема страв, храбар. Бестрашен војник. Бестрашна борба. Бестрашни луѓе.