бестрашие | ср.

Бестрашност, храброст.

бестрашник | м.

Тој што е бестрашен, јунак.

бестревен | прид.

Што е без трева, на кој нема или не расте трева. Бестревна долина. Бестревни терени.

бестрепетен | прид.

Што не трепети. Бестрепетна месечина.

бестселер | м.

бестселери Книга што во одреден временски период била продадена во најголем број примероци, најдобро продавано дело. Македонски бестселер. Книгата стана бестселер кај читателите на тој жанр.

бесформен | прид.

Што нема определена форма; безобличен. Бесформен куп. Ги растура стапалките во бесформена ровкост.

бесцветен | прид.

Што нема цвет, што не цвета. Бесцветна грмушка. Бесцветен бршлен. Бесцветно растение.

бесцветница | ж.

(бот.) Растение без цвет.

бесцелен | прид.

Што е без цел, залуден, бесмислен. Бесцелен живот. Бесцелна работа. Бесцелни прошетки.

бесценет | прид.

Што има неограничено висока цена; непроценлив, скапоцен. Бесценет камен. Бесценета дијадема. Бесценети реликвии.