миленик | м.

Тој што е многу мил некому; галеник, љубимец. Од сите ученици тој му беше миленик.

милениум | м.

Период од илјада години.

милет | м.

Народ.

мили- | претс.

Како прв дел од сложени зборови за означување мерни единици еднакви на еден илјадити дел од основната единица. Милиграм. Милиметар. Милилитар.

милиграм | м.

Мерна единица што означува илјадити дел од грам.

милијарда | ж.

Број еднаков на илјада милиони изброени единици од нешто.

милијардер | м.

Многу богат човек, чиешто богатство изразено во пари може да се мери во милијарди.

милилитар | м.

Мерна единица што означува илјадити дел од литар.

милиметар | м.

Мерна единица што означува илјадити дел од метар.

милина | ж.

Чувство на задоволство, уживање, пријатност. Му се исполни душата со милина кога ја слушна песната.