милион | м.
Број еднаков на илјада илјади изброени единици од нешто.
милионер | м.
Многу богат човек, чиешто богатство изразено во пари може да се мери во милиони.
мили се | несв.
Се гали, се умилкува. Детето кога да го видеше, му се милеше.
милитантен | прид.
Што војува; борбен, воинствен. Милитантна група.
милитаризам | м.
Државен систем што се потпира на војската и во кој војничкиот сталеж има најголемо влијание и најголеми овластувања.
милитаризација | ж.
Засилување на военото влијание; воведување милитаристички систем;
милитаризира | св. и несв.
Воведе, воведува милитаристички систем.
милитарист | м.
Приврзаник на милитаризмот.
милитаристички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на милитаризам и на милитарист.
милицаец | м.