адекватен | прид.

Што е соодветен, еднаков, сразмерен на нешто. Адекватен поим. Адекватна примена.

Аденски Залив | м.

Залив во Индискиот Океан.

адет | м.

Обичај што станал некој вид закон за извесна средина; што се прави по обичај, традиција, од навика. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпеза пред гостите. Свадбарски адети. Колку за адет.

Адис Абеба | ж.

Главен град на Етиопија.

адитив | м.

Додаток, обично за подобрување на квалитетот на некои производи. Брашното е без адитиви. Моторното масло е со адитиви.

адитивен | прид.

Што служи за подобрување на квалитетот.

административец | м.

Лице што врши административни работи, што работи во администрација. Еден месец по дипломирањето го вработија како административец во судот во Скопје. Тој е обичен административец во нашата фирма.

администратор | м.

Управник, оној што управува, со установа, институција, административна област. Тој е администратор во еден хотел. Тогаш него го поставуваат за администратор на целата област.

администрација | ж.

Управна власт; органи на таа власт. Владина администрација.

администрира | несв.

Управува со нешто бирократски, формално, не навлегувајќи во суштината на работите.