адмирал | м.

Највисок чин во воената морнарица. Адмиралот изврши смотра.

адмиралитет | м.

Врховна команда на воената морнарица; зграда во која се наоѓа таа. Францускиот адмиралитет ни нареди да се истовариме.

адолесцент | м.

Лице во периодот на адолесценција.

адолесценција | ж.

Пубертет, периодот од почетокот на пубертетот до настанувањето на зрелоста. Периодот на адолесценција изобилува со физички промени.

адреналин | м.

Хормон на надбубрежната жлезда.

адреса | ж.

Ознака за нечие место на живеење, име или број на определена локација. Тој е сѐ уште на старата адреса.

адресант | м.

Испраќач на писмо, поштенска пратка или на порака. Адресантот беше непознат.

адресар | м.

Список на адреси. Протоколарната листа содржи адресар.

адресат | м.

Примач на писмо, поштенска пратка или на порака, оној кому му е нешто упатено, наменето. Институтот е адресатот за пријавите на конгресот.

адресира | св. и несв.

Стави, става, напише, пишува адреса на поштенска пратка. Таа го адресираше писмото за својот пријател.