билјоса | св.
Се опие, се замае од билје, се маѓоса.
билјосан | прид.
Омаен, маѓепсан со билје.
билјур | м.
Кристално стакло.
билјурен | прид.
Што е направен од билјур.
бим! | изв.
За подражавање на краткотраен звук со висок тон; Камбаната чука: бим, бам, бим, бам.
бимбаша | м.
бимбашија | м.
Турски офицер, командант на 1000 војници во османлиската војска. Бимбашијата и кајмакамот го коментираа случајот со конзулот.
бина 1 | ж.
Посебно уреден простор на кој се изведуваат театарски претстави, културно-уметнички програми и сл.; сцена. Широка бина. Монтажна бина.Театарска бина.
бина 2 | ж.
Зграда, куќа. За три дена направија голема бина, сите жители се почудија.
бинарен | прид.
Што се состои од два дела, две целини, двоен. Бинарен спој. Бинарна опозиција. Бинарна структура.