бира | ж.
Пиво. Ладна бира. Една бира.
бира | несв.
бирач | м.
биринџи | прид.
Прв, најдобар, најспособен. Биринџи чедо. Биринџи тутун. Биринџија мајстор. Биринџија рибар
биринџија | м.
Многу способен човек; првенец. На татка е кавгаџија, на вујко му е биринџија. Прилепски биринџии.
бирник | м.
бирници Тој што собира данок, даночник.
биро | ср.
Одделение на претпријатие, установа. Проектантско биро. Информативно биро.
бирократ | м.
Претставник на бирократскиот систем на управа. Млад бирократ. Градски бирократ.
бирократизам | м.
бирократизација | ж.
Воведување на бирократија; бирократизирање.