бирократизира | св. и несв.

Спроведе, спроведува бирократски методи во управата.

бирократија | ж.

Систем и начин на управување, на владеење на чиновничкиот апарат.

биртија | ж.

Кафеана од ниска категорија. Селска биртија. Оди по биртии.

бис! | изв.

Уште еднаш, повторно; извик со кој се изразува желба за повторување на некоја точка од културна програма. Публиката ракоплескаше, бис, бис!

Бисао | ср.

Главен град на Гвинеја-Бисао.

бисексуален | прид.

Што има признаци на двата пола, двополов. Бисексуален човек.

бисер | м.

Бело, блескаво, скапоцено зрно создадено во внатрешноста на одреден вид школки. Ниже бисер. Фустан, сиот извезен од бисер. Бел бисер. Охридски бисер. Ситен бисер. Светнаа два бисера. Раскошна капа шиена со бисери и скапоцени камења.

бисерен | прид.

Што е направено од бисер. Бисерен ѓердан. Бисерна низа. Бисерно зрно.

бисерка | ж.

Вид мисирка со сиво-црни пердуви ишарани со бели точки; Numida meleagris.