неверојатен | прид.

Во кој не може да се верува, што изгледа невистинит. Неверојатен настан. Неверојатни доживувања.

неверство | ср.

Прекршување на верноста, вероломство. Не можеше да премине преку неговото неверство. Неверство во бракот. Неверство кон пријателите.

невесел | прид.

Што не е весел, тажен, нажален. Се врати дома невесел. Невесел израз (на лицето).

невеста | ж.

Девојка во деновите при стапувањето во брак. Додека ја товарат рубата, невестата се исплачува со роднините.

невестин | прид.

Што ѝ припаѓа на невеста. Невестини родители. Невестиниот брат.

невестински | прид.

Што се однесува, што е наменето за невеста. Невестинска руба. Невестинска кошула. Невестински фустан. Невестинско оро.

невестулка | ж.

Мало грабливо диво животно со долгнавесто тело од родот на куните, ласица; Mustela nivalis.