бифеџика | ж.
Жена што држи бифе.
бифеџија | м.
Човек што држи бифе.
бифтек | м.
бифтеци, Парче говедско месо од задниот дел на грбот, покрај 'рбетот. Пржен бифтек. Печени бифтеци. Два бифтека во чинија.
бич | м.
Плетена врвца од кожа, прицврстена за дрвена прачка што служи за терање добиток, камшик. Црн бич. Со бич во рака. Секој ден е сведен, та нема господари, нема бич. Два замавтани бича.
биче | ср.
Мало од бик. Слабо биче. Стадо бичиња.
бичен | прид.
Што е обработен со бичење. Збиваа маските под товарите борина и бичени штици.
бичи | несв.
Сече, реже трупци за штици, греди и сл. Бичкиџијата бичеше ноќе. Аврам бичи тополи.
бичкија | ж.
Рачна пила од дрвена рамка и челичен лист со остри запци на долниот раб. Запците од бичкијата. Секирите на дрварите и бичкиите на бичкиџиите.
бичкиџилница | ж.
Место каде што се бичи.
бичкиџија | м.
Тој што бичи со бичкија.