битен | прид.

Што ја прави суштината на нешто, што е главно обележје, што е основен, главен; суштествен. Битен факт. Битна претпоставка. Битно прашање. Битни карактеристики.

битие | ср.

Тоа што живее, суштество. Сопствено битие. Слабо битие. Новородено битие.

битиса | св.

Заврши, скончи. Муабетот битиса. Војната битиса.

битисан | прид.

Пропаднат. Битисан човек. Битисана работа.

битка | ж.

Вооружен судир меѓу две војски. Жестока битка. Крвава битка.

битов | прид.

Што се однесува на бит, начин на живот. Битов амбиент. Битови приказни.

Битола | ж.

Град во Македонија.

бит-пазар | м.

Пазар за сè и сешто. Голем бит-пазар.

битумен | м.

Смола што се добива како резултат на распаѓањето на животински и растителни остатоци (петролеј, нафта, асфалт и сл.).

бифе | ср.

Мала гостилница или просторија во која се пие, најчесто стоејќи. Студентско бифе. Бифе до театарот. Во центарот на градот има повеќе бифеа. Неколку бифиња еднододруго.