адут | м.
Најсилна боја во картите за играње, најсилна карта. Ве молам, џандарот е адут во оваа игра.
аеро- | претс.
Што се однесува на воздух, воздушен.
аеродинамика | ж.
Дел од динамиката што ги проучува силите што настануваат со струење на воздухот (или воопшто на гасовите) и нивното дејство врз телата што се изложени на нив.
аеродинамичен | прид.
Најпогоден по облик за полесно совладување на воздушниот отпор.
аеродром | м.
Место уредено за полетување и за слетување, за сместување и за одржување на авиони и други летала. Цивилен аеродром. Воен аеродром. Спортски аеродром.
аеролит | м.
Метеорит, парче од метеор, метеорски камен.
аеронаут | м.
Авијатичар, воздухопловец.
аеронаутика | ж.
Наука за воздухопловство, авијатика.
аероплан | м.
Имало некакви аероплани што летаат побрзо од куршум.
аеростат | м.
Воздушен балон.