богатник | м.

Богаташ. Тој беше угледен богатник.

богатство | ср.

Големо количество материјални добра што некој ги поседува. Бесценето богатство. Тој стекна големо богатство тргувајќи со брашно.

Богданци | ср.

Град во Македонија.

богобојазлив | прид.

Што се плаши од Бога. Богобојазливите жители на селото покорно стоеја пред портите на црквата.

боговски | прид.

Што се однесува или што му припаѓа на бог.

богомил | м.

Следбеник, припадник на богомилското движење.

богомилски | прид.

Што им припаѓа, што се однесува на богомилите и на богомилството. Богомилско движење.

богомилство | ср.

Христијанско еретичко движење што се појавило во Македонија во 9 век, па се проширило и кај соседните народи.

богомолец | м.

Тој што се моли многу често на бога. Богомолците почнаа да се крстат.

богомолка | ж.

богомолец.