бовча | ж.
Врзоп со предмети, обично алишта, шамија, чаршаф, скутник и сл. Донка со бовчите пред неа се намести до пајтонџијата.
бовчалак | м.
Бовча со подарок што го подготвува невестата за сватовите. Тука зетот го даруваат со бовчалак.
бог | м.
Создател и господар на светот во монотеистичките религии. Имај ум, имај срце, и бог нема да те остави.
богами | мод.
За потсилување на тоа што се кажува. Грмеше, богами, пол саат, прописно. А сега, богами, ни со години нема да ја поправиш положбата.
богат | м.
Богаташ, богаташка. Богатите од плашиците прават мезе со вино, а сиромасите прават коркутка, вкусна густа чорба. Тој се ожени за богата
богат | прид.
Кој има големи материјални блага, што има голем имот, пари; сиромашен, беден. Богат човек. Богати куќи.
богаташ | м.
Човек што е многу богат (кон зн.
богаташка | ж.
Богата жена;
богатее (се) | несв.
Станува сè побогат. Таа почна да (се) богатее сè повеќе и повеќе.
богати | несв.
Прави да биде богат. Тој го богати својот јазичен израз читајќи секојдневно.