боготвори | несв.
Обожава. Ќе ѝ ги исполни сите желби, ќе ја боготвори како ангел. Тие го боготвореле својот учител.
богоугодник | м.
Човек што живее според законите на христовата вера; праведник.
богохулен | прид.
Што се однесува на богохулење. Богохулни зборови.
богохули | несв.
Хули на Бога, го напаѓа Бога.
богохулник | м.
Тој што го хули Бога, што го напаѓа Бога.
богохулство | ср.
Хулење на Бога.
богочовек | м.
Човек со божји особини; Исус, синот божји во лик и тело на човек.
Богојавление | ср.
Црковен празник што се слави на 19 јануари; Водици.
богољубен | прид.
Што го љуби Бога, побожен.
богољубец | м.
Што го љуби Бога. Побожен човек, праведник. Легионерите до еден ги испотепале богољупците ни криви ни должни.