богољубив | прид.

Што го љуби, сака Бог; побожен. Богољубивиот народ мирно слушал.

бод 1 | м.

Убод со игла или со друг шилест предмет. Еден бод во прстот и се појави црвена капка крв.

бод 2 | м.

(спорт.) Поен, единица со која се означува степенот на успешност при натпреварување. Нашата екипа освои два бода.

бодар | прид.

Што е многу витален, исполнет со енергија. Тој беше низок, весел, бодар човек.

боде | несв.

Со шилест предмет пробива нешто. Надрилекарот со игла ја бодеше жената во дланките. Фурнаџијата ја боде погачата со виљушка и ја става да се пече.

бодеж | м.

Остро сечило, ладно оружје, нож. Бодежот се зари во вратот на жртвата.

бодибилдер | м.

Лице што вежба, се занимава со бодибилдинг.

бодибилдинг | м.

Систем од вежби со тегови и други помагала и справи за зголемување на мускулната маса, за обликување на телото.

бодило | ср.

Шило, предмет со кој се боде. На фатениот дивеч во примката бодилото му се забива во месото.

бодина | несв.

Јава на коњ терајќи го силно да трча, да галопира. Сватовите цел ден ги бодинаа коњите.