овај | зам.

овал | м.

Јајчест, елипсовиден лик или форма на нешто. Овал на лицето.

овален | прид.

Што има форма на јајце, што е јајчест, елипсовиден. Овална маса. Овална форма.

ова-она | зам.

Разни нешта, неопределено што. Купив ова-она и ги потрошив парите.

оварда | прид.

Што е широкодушен, дарежлив, услужлив, љубезен. Оварда човек.

овардалак | м.

Широкодушност, дарежливост, услужливост, љубезност. Неговиот овардалак немаше граници.

овација | ж.

Воодушевено и долготрајно одобрување, поздравување или искажување почит спрема некого, придружено со ракоплескање. Тој беше пречекан со овации. Нејзиното појавување предизвика овации во салата.

овде | прил.

На ова место, тука, ваму; спрот: таму. Таа беше овде пред малку. Колку е убаво овде! Ела овде! Гледај овде! Овдека ќе те чекам.

овде-онде | прил.

И овде и таму, на некои места, понекаде. Овде-онде сѐ уште имаше снег. Овде-онде се забележуваа лозови насади.

овдешен | прид.

Што е одовде, од ова место. Овдешен човек. Овдешно вино.