овдовее | св.

Стане вдовец или вдовица. Таа овдовеа на млади години.

овега | зам.

овековечи | св.

Направи некој или нешто да биде вечен, не заборави, зачува во траен спомен некого или нешто. Преку песната, народот ги овековечил своите јунаци. Тие застанаа пред фотоапаратот за да го овековечат тој свечен миг.

овен | м.

Вид домашно животно, мажјак на овца. Дебел овен. Црн овен.

овенат | прид.

Што е без свежина, без боја; овене Овенати ружи. Овената гранка.

овене | св.

За растение – изгуби свежина, боја, почне да се суши. Овенаа цвеќињата во вазната. Тревата овена.

овенча | св.

Накити со венец, стави венец некому. Победникот го овенчаа со лаворов венец.

овери | св.

овес | м.

Вид едногодишно житно растение и неговиот зрнест плод кој се употребува обично за исхрана на коњите; Avena sativa. Зрна од овес. Вреќа со овес.