боем | м.
Човек што живее неконвенционално, од редовите на интелектуалците (поети, сликари, уметници), што живее безгрижен и неуреден живот.
боен | прид.
Што се однесува на бој, битка, војна. Боен отров. Бојно поле. Бојни бродови.
боенка | ж.
Книшка со цртежи за боење. Дечињата боеја во боенките.
божанка | ж.
Булка, едногодишна билка со големи црвени цветови, од фамилијата афиони; Papaver rhoeas L. Божанките на насипот пленеа со црвените цветови.
божев | прид.
божевен | прид.
Побожен.
божем | чест.
За воведување сомневање во тоа што се тврди, како да било, како да е така. Се преправа, божем ништо не знае. Тогаш наскоро било објавено дека божем Кушо е убиен, а наместо него бил погребан некој друг.
божемен | прид.
Што не е вистински; привиден. Целата куќа се управуваше според божемните наредби на сопругот. Детето мавта со рацете регулирајќи го божемниот сообраќај.
божествен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на божество, што има одлики на божество. Божествена сила.
божество | ср.
Суштество со својства на бог, со натприродни, божествени одлики. Митолошки антички божества. Пагански божества.