бодинаница | прил.

Галоп, начин на трчање на коњот. Момчето јаваше бодинаница низ улицата.

бодира | св. и несв.

Одреди, одредува, додели, доделува бодови; бодува. Судиите го бодираа овој скок со 2 бода.

бодлест | прид.

Што има боцки. Бодлест кактус.

бодлив | прид.

Што има боцки. Низок бодлив багрем растеше крај патот.

бодликав | прид.

Што може да боде. Бодликава жица.

бодне | св.

Командирот го бодна коњот со мамузите.

бодри | несв.

Поттикнува на некаква позитивна активност. Швајцарците несебично ќе го бодрат својот шампион.

Бодрум | м.

Приморски град во Турција.

бодува | несв.