бормашина | ж.

Електрична или рачна дупчалка.

Борнео | ср.

Остров во Индонезија.

боров | прид.

Што е од бор. Борова шума. Борови иглички.

боровина | ж.

Борово дрво, градежен материјал од борово дрво.

боровинка | ж.

(бот.) Вид зрнесто, планинско овошје; Vaccinium myrtillus. Момчињата набрале некои темјанужни малини и боровинки.

боровиште | м.

Место обраснато со борова шума. Колоната скршна во боровиштето.

боровник | м.

Место обраснато со борова шума. Боровникот е млад и чест, ветките ниско појдуваа од земја, се вплетуваа една во друга и се свиваа под снегот.

борч | м.

Долг, тоа што некој некому му должи. Куќата му ја продадоа за борчови.

борчи | несв.

Должи некому нешто, најчесто пари. Вашето село му борчи на царот сто илјади аспри.

борчлија | прид.

прид. Што е заборчен, што должи некому пари. Борчлија човек.