брунчест | прид.

брус | м.

Камен за точење, острење и за обработка на стакло, камен и сл.

брусен | прид.

Што се однесува на брусење. Брусено стакло. Брусен камен.

бруси | несв.

Обработува камен или стакло, мазни, точи. Тие брусат кристал.

брусилка | ж.

Машина, алатка за брусење.

брусница | ж.

Црвена боровинка, дрво и плод; Vaccinium vitis idaea L.

брут | м.

Долгнавест метален шилест предмет со главче на другиот крај што може да се закове, да спои, да зацврсти нешто; клинец, шајка.

брутален | прид.

Претерано груб, суров, безобѕирен. Тие биле мачени и брутално убивани.

бруто | прид.

Тежина на стока заедно со обвивката и амбалажата.

бруцелоза | ж.

Заразна болест кај животните која се пренесува и на луѓето преку производите од заразено животно или при директен допир со него. Од бруцелоза заболуваат најчесто овчарите, краварите и ветеринарните работници.