бруцош | м.
Студент на прва година без положен испит. Бруцошите ги прими деканот на факултетот.
брца | несв.
Става нешто во некоја течност, најчесто во вода; топи, потопува. Детето ги брцаше рацете во нечистата вода.
брцка | несв.
брцне | св.
Стави, потопи нешто во некоја течност, најчесто вода. Тој ја брцна перодршката во мастилницата и започна да го пишува писмото.
брчало | ср.
Дел од гајдата кој дава монотон низок тон. Стана, им отиде на гајдаџиите, им ги затна брчалата и запреа свирките.
брчи | несв.
За инсекти ‒ брмчи. Брчеа пчелите околу улиштето.
брчка | ж.
Набор, бразда, нерамнина на кожата предизвикана најчесто од старост. Лицето ѝ беше покриено со мрежичка од неподвижни брчки.
брчка | несв.
Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки. Годините сè повеќе му го брчкаа лицето на старецот.
брчкав | прид.
Што има брчки; набран во вид на брчки, што личи на брчки. Неизбричената брада му падна со брчкавите подгушки на градите.
брчкоса | св.
Направи брчки на лицето; Пашата го брчкоса челото и веѓите се искосија со краиштата нагоре.