Буенос Аирес | м.
Главен град на Аргентина.
буза | ж.
Усни. Ги напрчила бузите.
буи | несв.
Расте многу, во изобилство. Во мрежа од капки / буи густ честак. Овошките бујат и растат, но немаат цветни пупки и не раѓаат.
буица | ж.
Вода што тече силно, брзо, што надоаѓа, обично по пороен дожд. Матни буици ги риеја патиштата, или нанесуваа купишта песок, камења и дрва.
бука 1 | ж.
(бот.) Вид листопадно, планинско дрво со широка крошна; Fagus silvatica. Среде лединката како стожер стоеше една голема расчаталена бука.
бука 2 | ж.
Шум, врева. Звучниците крескаат и се трудат да го надвладеат сиот брмчеж и бука.
букагии | ж.
Метални алки со кои ги оковувале затворениците, пранги. Чифт букагии на нозе / и дробен синџир на раце.
букар | м.
Дрвен сад за вода со синџир за носење преку рамо или за товарање на добиток. Жените ги наполнија букарот, бардачето и ѓумовите со вода и си тргнаа назад.
буква | ж.
Знак со кој се означуваат одделните гласови во јазикот. Мала буква. Голема буква.
буквален | прид.
Што одговара на напишаното од збор до збор, доследно, целосно. Буквален превод. Буквална смисла. Буквално значење.