будалче | ср.
Будва | ж.
Приморски град во Црна Гора.
буден | прид.
Што не спие. Будниот чувар стражарел цела ноќ.
буди | несв.
Прекинува состојба на спиење, прекинува некому сон. Мајката секое утро нежно го будеше синчето. Ме будат грмежи што доаѓаат откај планината.
будизам | м.
Религија настаната врз основа на филозофското учење на Сидарта Гаутама, наречен Буда ‒ просветен. Во Индија будизмот е основна религија.
будилник | м.
Часовник со ѕвоно или друга направа за будење. Будилникот заѕвони точно во шест часот.
Будимпешта | ж.
Главен град на Унгарија.
будист | м.
Припадник на будистичката религија. Тие се будисти.
будоар | м.
Мал, елегантно украсен женски салон во станот.
буен | прид.
Густ, што расте многу, во изобилство. Бујна трева. Бујно зеленило.