буричне | св.
Брцне. Трговецот бурична во џебот и извади една рака златници.
Буркина Фасо | ж.
Држава во Африка.
бурлеска | ж.
Литературно-сценски вид кој се одликува со претераност на комичните ефекти. Комичниот репертоар на театарот се движи од бурлеска до карактерна комика.
бурлескен | прид.
Што личи или што е како бурлеска. Таа фантастика е бурлескна, игрива и духовита.
бурма | ж.
Вид прстен, вообичаено златен, венчален или свршенички. Младоженците пред кумот и старосватот разменија златни бурми.
Бурма | ж.
Поранешно име на Мјанмар.
бурмалија | прид.
Прстен во форма на бурма. Прстен бурмалија.
бурмут | м.
Прав од тутун за шмркање. Димитрија застана да шмркне бурмут и пак продолжи по патот.
бурмутица | ж.
Кутивка за бурмут. Стариот кашла, пие јако црно кафе и шмрка бурмут од златна бурмутица.
Бурса | ж.
Приморски град во Турција.