бучава | ж.

Бука, ширење силни звуци. На полноќ се чу бучава, потоа татнеж.

бучен | прид.

Што прави многу бучава. Бучните караници обично завршуваа со тепачка.

бучи | несв.

Прави бука, бучава. Нашиот лифт бучи. Бучеа снежните води на Бабуна.

буша | ж.

Раса домашно говедо.

бушав | прид.

Што не е исчешлан. Таа имаше долга бушава руса коса.

бушави | несв.

Растура исчешлана коса, прави да изгледа неуредно. Стариот му ја бушавеше косата на внукот галејќи го по главата.

Бушман | м.

Припадник на етничка група што живее во пустината Калахари во Африка.

буштрав | прид.

буштрави | несв.